Снабдувачот има право да побара од операторот на дистрибутивниот систем, да ја прекине испораката на електрична енергија на определен потрошувач ако:
- потрошувачот не ја платил доставената фактура во рок и на начин определен во договорот за снабдување;
- постојниот договор за снабдување не е продолжен, или не е склучен нов договор со постојниот или со друг снабдувач;
- договорот за снабдување престанал да важи;
- договорот за снабдување престанал кога се исполнети условите за раскинување на договорот по барање на снабдувачот или потрошувачот, пропишани со Правила за снабдување или определени со договорот.
Снабдувачот нема право да побара исклучување на потрошувач:
- ако потрошувачот отпочнал постапка за промена на снабдувач во согласност со Правилата за снабдување и
- пред да ги спроведе сите мерки за заштита на потрошувачи предвидени со закон и со Правилата за снабдување.