За нас

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Најважна цел за Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Од влезот на групацијата EVN во Македонија, во април 2006 година до 2025 година инвестирани се повеќе од 758 милиони евра. Изградени и реконструирани се 219 високонапонски трафостаници и 2 909 дистрибутивни трафостаници. Изградена и реконструирана е мрежа во должина од 273 километри на висок напон, 2857 километри на среден напон и 5486 километри на низок напон. Дополнително, во истиот период се набавени 2 113 889 броила од коишто 177 700 се далечински. Во контекст на новите приклучоци, изградени се 149 857 нови приклучоци на нашата мрежа од кои 3 531 се нови приклучоци за обновливи извори на енергија, чија вкупна инсталирана моќност достигна 1 073 MW.

Во интерес на сигурното снабдување со електрична енергија на целата територија на државата распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти, кои дејствуваат брзо и ефективно. Инвестициите и мерките за подобра организација на компанијата дадоа свој резултат и придонесоа кон посигурно снабдување, намалување на загубите и зголемено ниво на задоволство кај корисниците.