Програмата за усогласување на активностите на Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје (во понатамошниот текст: Електродистрибуција) за обезбедување на објективност, транспарентност и спречување на дискриминаторно однесување при вршење на дистрибуција на електрична енергија (во понатамошниот текст: Програма) има за цел да обезбеди еднаков и транспарентен пристап на сите учесници на пазарот на електрична енергија до услугите на операторот на дистрибутивниот систем на електрична енергија (во понатамошниот текст: ОДС). Со оваа Програма се предвидуваат мерки за спречување на дискриминаторно однесување, при што се обезбедуваат соодветни обврски за вработените на Електродистрибуција. Целта на оваа Програма е да обезбеди: сигурна,безбедна и квалитетна испорака на електрична енергија до/од корисниците на дистрибутивната мрежа и спречување на дискриминаторно однесување, објективност и транспарентеност во вршењето на јавна услуга дистрибуција на електрична енергија од страна на ОДС. Програма за усогласување на активностите на Електродистрибуција ДООЕЛ Решение за одобрување на Програмата за усогласување на активностите на Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје Решение за одобрување на назначување на службеник за усогласеност на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје Годишен извештај за спроведување на програмата за усогласеност Решение за одобрување на годишниот извештај за спроведување на програмата за усогласеност на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје