Секогаш информирани со порталот за набавки
_________________________________________________
Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, постапките за набавки ги реализира:
- преку онлајн портал или
- преку електронскиот систем за јавни набавки на Р. С. Македонија ЕСЈН
1. Онлајн портал
Онлајн порталот за набавки е веб-базиран, т.е. не е потребен дополнителен софтвер за користење од страна на понудувачите, односно доставување понуди.
Регистрираните понудувачи:
- можат, самостојно во секое време, да ги ажурираат сопствените податоци, како комплетното портфолио на испорака на стоки, извршување на услуги и работи, сертификати, одобренија, лиценци, каталози и слични документи на понудувачот, со што истите стануваат достапни на онлajн порталот;
- треба редовно да ги ажурираат административните податоци и податоците на лицата за контакт;
- имаат можност да бидат поканети за учество во постапки за набавки (прибирање на понуди).
Доколку сакате да станете потенцијален снабдувач можете да се регистрирате бесплатно, креирајќи профил на компанијата. Погледнете ги деталните упатства за понудувачите за:
- регистрација и
- поднесување на понуди.
Oбјавените набавки може да ги видите на веб страната каде може да побарате документација за да бидете поканети за учество во конкретна набавка за Електродистрибуција ДООЕЛ на следниот линк: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје
За сите потребни дополнителни информации, контактирајте не на [email protected]
2. Огласи на ЕСЈН
2.1 Постапките за набавка кои подлежат на Законот за јавни набавки може да ги погледнете на:
Електронскиот систем за јавни набавки или тука.
2.2 Список на квалификувани понудувачи за воспоставени Квалификациски системи согласно Законот за јавни набавки
Одржливи и фер набавки
- Високиот квалитет во целиот синџир на набавки е основата на сите набавки на сите стоки, услуги и работи, на сите инволвирани во целиот синџир на набавки.
- Заедно со нашите добавувачи сме посветени на развој на иновативни решенија за нашите потрошувачи, со користење на сите неопходни средства, на најдобар начин. Оттука, во сите наши активности за набавки особено го акцентираме принципот на еднаков пристап, фер деловни практики и отворен дијалог.
Доколку имате било какви прашања во врска со функционалноста на онлајн порталот ви стоиме на располагање.
Е-пошта:
[email protected]