1. Што треба да се направи за да се воспостави далечински пренос на податоци со ОЕДС за електроцентрали, електроцентрали со дополнително инсталирани батериски системи и за чисти батериски системи? Да се инсталира и стави во функција модем за комуникaција кој има можност за VPN и кој може да работи со протокол IEC 60870-5-104 Да се конфигурира VPN на модемот според податоците кои ќе ги достави ОЕДС До ОЕДС да се достави пополнет фoрмулар за податоци за модемот Да се инсталира клучот кој го доставува ОЕДС Проверка, контрола и испитување на VPN врската со ОЕДС По воспоставување на VPN врската, ОЕДС доставува табела со податоци за управување на електроцентралата – data point list, кои се инсталираат на уредот за далечинско управување Откако ќе се исконфигурира уредот за далечинско управување, се доставува е-mail до ОЕДС со барање за тестирање на комуникацијата и управувањето Се закажува термин за тестирање на далечинското управување – доколку тестирањето е неуспешно, постапката се повторува. Во меѓувреме се работи на отстранување на пречките кои довеле до неуспешено тестирање на опремата за далечинско управување. Да се обезбеди непрекинато напојување DC 24V во период од 48 часа (ова подразбира инсталација на исправувач и соодветна батерија) како и да поседува и инсталира соодветна опрема за далечинско управување на електроцентралата, која ги задоволува минималните услови наведени во прилог технички параметри IEC 60870-5-104 2. Кој е минималниот сет на информации кои се потребни за да се реализира тестот за далечинско управување на централата? Минималниот сет на информации за тестирање е даден во data point list 3. Дали за секоја електроцентрала постои обврска да се обезбеди управување со расклопната опрема (раставувач на моќност/прекинувач) на примопредајната точка со ОЕДС? Да, секоја електроцентрала со моќност поголема од 400kW има обврска да обезбеди уред за управување на расклопната опрема на примопредајната точка. Приоритет при управувањето ќе биде даден на регулирањето на предадената активна моќност во мрежата. Доколку регулирањето на предадена активна моќност не е во функција или нема можност да се реализира, тогаш ќе се активира управувањето на расклопната опрема. 4. Дали уредот за управување кој е инсталиран во централата треба да има имплементирана „ехо“ функција (потврда) за сетираната вредност? (функција за потврда на примена максимална сетирана вредноста во % која е примена во централата од страна на ОЕДС). Да, уредот за далечинско управување инсталиран во централата треба да има имплементирана ехо потврдна функција. 5. Дали една електроцентрала може да има повеќе управувачки уреди со кои се управува активната моќност и сите управувачки уреди да се поврзат кон ОЕДС или мора да се инсталира еден единствен уред кој ќе ги обедини сите останати уреди од електроцентралата? Комуникацијата со ОЕДС за една електроцентралата се врши само преку еден уред, кој треба да ги обедини управувачките функции на сите останати уреди и кон ОЕДС ги доставува збирните вредности на електроцентралата. Мерните вредности кои се предаваат кон ОЕДС треба да претставуваат збир на вредности од сите уреди за управување инсталирани во електроцентралата. 6. Што треба да се направи доколку електроцентралата има фотоволтаичен систем надополнет со уреди за складирање на електрична енергија (батериски систем)? Кои мерни вредности треба да бидат доставени до ОЕДС? Потребно е да се инсталира еден управувачки уред кој ќе ги обедини управувачките функции на електроцентралата и на батерискиот систем. Во овој случај се врши управување со активната моќност на предадената електрична енергија. Мерните вредности кои се предаваат кон ОЕДС треба да претставуваат збир на вредностите од сите уреди за управување инсталирани во електроцентралата, од уредите за контрола на фотоволтаичната централа и батерискиот систем. Потребно е да се инсталира еден главен „мастер“ уред преку кој ќе се врши далечинското управување и преносот на податоци - ТЕХНИЧКА ИЛУСТРАЦИЈА 7. Дали производител (со или без уред за скалдирање на ЕЕ) со моќност помала од 400kW треба да инсталира уред за далечински пренос на податоци и управување со активната моќност? Согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, секој производител е должен да воспостави комуникација со ОЕДС за пренос на податоци и далечинско управување со активната моќност. Согласно член 129, став (1), точка 7 од Законот за енергетика, производителот на електрична енергија “е опремен со сите потребни технички ресурси за доставување на информации до соодветниот оператор на електропреносен или електродистрибутивен систем вклучително и уреди за далечинско мерење на производството во реално време”. 8. Кој е крајниот рок за воспоставување функционална далечинска контрола на активна моќност за постојните електроцентрали? Согласно член 64 од Мрежни Правила за дистрибуција на електрична енергија, крајниот рок за воспоставување далечинска контрола на активна моќност е 31.03.2027. ОЕДС има изготвен динамички план за воспоставување далечински пренос на податоци и далечинско управување со активна моќност за сите постоечки и веќе приклучени електроцентрали. Согласно планот, приоритет е даден на електроцентралите со поголема инсталирана активна моќност.