Приклучување на потрошувачи

Приклучувањето на објектите на правните и физичките лица на електричната мрежа на Електродистрибуција се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на компанијата.

Согласност за приклучување на електричната мрежа на Електродистрибуција е потребна при:

  • изградба на нов објект кој се приклучува на дистрибутивната мрежа
  • поставување на генераторски единици од обновливи извори на електрична енергија за сопствени потреби или за продажба
  • инсталирање на уред за складирање на електрична енергија
  • зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на дистрибутивната мрежа
  • промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на дистрибутивната мрежа
  • одвојување на инсталации на објект кој е веќе приклучен на дистрибутивната мрежа
  • спојување на инсталации на објект кој е веќе приклучен на дистрибутивната мрежа
  • времен приклучок за: градилиште, манифестација, урбана опрема, пумпа за вода, оранжерија и сл.

Решение за согласност за приклучување се издава и при потреба од измена на постоечки приклучок на електродистрибутивната мрежа.

Барањето за согласност за приклучување се поднесува преку електронската платформа на Електродистрибуција достапна на следниот линк.

Информации за постапката за приклучување можете да најдете на следниот информативен леток.

Доколку ви се потребни информации кои документи се потребни за да поднесете барање истото можете да го најдете во следниот документ.