За нас

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Најважна цел за Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Од влезот на групацијата EVN во Македонија, во април 2006 година до 2025 година инвестирани се повеќе од 684 милиони евра, изградени се 5 нови високонапонски трафостаници, 1 978 дистрибутивни трафостаници на среден напон и 904 нови трансформатори на низок напон. Изградена е нова мрежа во должина од 149 километри на висок напон, 1 592  километри на среден и 3 315 километри на низок напон. Во истиот период се набавени 2 006 000 броила од коишто 177 700 се далечински. Во контекст на новите приклучоци, изградени се 140 000 нови приклучоци на нашата мрежа од кои 2 963 се нови приклучоци за обновливи извори на енергија, чија вкупна инсталирана моќност достигна 860 MW.
Во интерес на сигурното снабдување со електрична енергија на целата територија на државата распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти, кои дејствуваат брзо и ефективно. Инвестициите и мерките за подобра организација на компанијата дадоа свој резултат и придонесоа кон посигурно снабдување, намалување на загубите и зголемено ниво на задоволство кај корисниците.