Во случај на промена на сопственост или промена на право на користење на објект т.е. промена на корисник на мерно место, новиот сопственик и снабдувачот се должни до Операторот на дистибутивниот систем да достават Барање за промена на корисник, со кое го известуваат операторот дека снабдувањето на објектот продолжува преку снабдувачот на новиот корисник.
Барањето за промена на корисник се доставува преку одбраниот снабдувач со електрична енергија до Операторот на дистрибутивниот систем – Електродистрибуција ДООЕЛ. Исто така ова барање може да се достави до приемните канцеларии на ЕВН Електродистрибуција, претходно потпишано и печатирано од избраниот снабдувач.
Доколку новиот сопственик и неговиот снабдувач не достават Барање за промена на корисник, операторот има право да го исклучи објектот од дистрибутивната мрежа.
Упатство за процес за промена на корисник