Статусот корисник со сензитивен процес подразбира корисник со специфечен работен процес, каде прекинот на испорака на електрична енергија го доведува во опасност животот и здравјето на луѓето или околината, како и корисници кои имаат такви производни процеси да прекинот на електрична енергија предизвикува големи трошоци за повторно продолжување со производниот процес. Во корисници со сензитивен процес исто така спаѓаат и корисниците кај кои согласно Правила за снабдување не смее да се прекине испораката на електрична енергија, како : болници, клиники, специјални здравствени установи (станици за итна помош и друга итна интервенција, стационари, заводи за трансфузија на крв – земање и преработка на крв, центри за дијализа, здравствени домови); објекти за водоснабдување на население и пречистителни станици; објектите и средствата во јавниот сообраќај (аеродроми, железнички и автобуски станици и станици за сигнализација во јавниот сообраќај); хидрометеролошки и сеизмолошки станици; детски градинки. Статусот корисник со сензитивен процес овозможува посебен третман на корисникот при планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, односно известување за планираниот прекин во пишана форма, преку електронска пошта или телефон. За стекнување на статус корисник со сензитивен процес потребно е да се аплицира со пополнување на приложената матрица како и податоците за контакт во прилог на документот. Пополнувањето на апликацијата не значи дека корисникот ќе се стекне со статус на корисник со сензитивен процес, истото само е предмет на разгледување на стручни лица на Електродистрибуција ДООЕЛ, Скопје. Барање за регистрирање како корисник со сензитивен процес (CSP)