Доколку сакате да активирате веќе постоечко мерно место кое е одјавено, потребно е да поднесете Формулар за пријава на мерно место со потребната документација како доказ за сопственост. Ова барање треба да го доставите до вашиот снабдувач кој ќе го потпише и печатира па истиот ќе го достави до Електродистрибуција ДООЕЛ. Доколку сакате да го одјавите вашето активно мерно место, потребно е да поднесете Барање за одјава на мерно место – Општо барање преку вашиот снабдувач до Електродистрибуција ДООЕЛ. За овие услуги Електродистрибуција наплаќа по ценовникот на услуги одобрен од Регулаторната Комисија за Енергетика.