Процесот за промена на снабдувач е дефиниран во Правилата за снабдување со електрична енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Доколку сакате да го смените вашиот снабдувач со електрична енергија потребно е да поднесете изјава до новиот снабдувач со која ќе побарате да бидете снабдувани од негова страна. Во изјавата треба да го наведете и датумот од кога сакате да започне снабдувањето од страна на новиот снабдувач, при што датумот на промена на снабдувач мора да биде првиот ден од календарскиот месец. Кон изјавата дожни сте да приложите и копија на фактура за користење на дистрибутивниот систем или копија на фактура за снабдување со електрична енергија од снабдувачот во краен случај.
Новиот снабдувач го започнува процесот најрано 60 дена, а најдоцна 23 работни дена пред датумот на промена на снабдувачот.
Промената на снабдувач се врши само на првиот ден од календарскиот месец.
Потрошувачот може во било кој момент по започнувањето на постапката за промена на снабдувач, но не после денот на важноста на договорот со новиот снабдувач, да се откаже од барањето за снабдување при што ќе го прекине процесот за промена на снабдувач.
Календар со датуми на промена на снабдувач